Свет Европа Русија, Украина и ЕУ го договорија зимскиот пакет за испорака на гас

Русија, Украина и ЕУ го договорија зимскиот пакет за испорака на гас

Русија, Украина и Европската комисија постигнаа договор за зимскиот пакет за испорака на гас на Европската унија преку Украина.

Договорот ќе почне да важи од 1 октомври, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак, по разговорот со официјалните лица на Европската комисија, известува „Ројтерс“.

Официјална Москва ѝ го одобрила на Украина попустот на цената на гасот за последниот квартал на оваа и за првиот квартал на следната година.

Европската унија била подготвена да ѝ исплати на Украина 500 милиони долари за гасот, пренесува руската агенција ТАСС.