Свет Европа Русија продала оружје за повеќе од 13 милијарди долари

Русија продала оружје за повеќе од 13 милијарди долари

Русија минатата година продала оружје во вредност поголема од 13 милијаарди долари, соопшти Сергеј Чемезов, шеф на рускиот конгломерат „Ростек“.

Чемезов истакна дека Русија му понудила на Иран да купи антибалистички ракети „антеј-2500“, наместо противавионскиот ракетен систем „С-300“, додавајќи дека Техеран сè уште ја разгледува понудата.

Тој додаде дека Русија и Белорусија потпишале договор на саемот за оружје на Блискиот Исток за испорака на 12 руски хеликоптери „ми-17“.