Свет Свет Русија: Непотребен е развојот на американскиот ракетен штит

Русија: Непотребен е развојот на американскиот ракетен штит

Русија не гледа причина поради која САД би требало да продолжи со реализација на планот за поставување ракетен штит во Европа, откако во јули е склучен договорот за иранската нуклеарна програма, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, додавајќи дека Москва очекува американскиот Конгрес да го потврди договорот со Иран.

– Се надевам дека Конгресот ќе ја усвои спогодбата со Иран, затоа што во спротивно ќе имаме ситуација во која постои сеопфатен заеднички акционен план и резолуција на Советот за безбедност, а САД не дејствува во согласност со нив – рече Рјабков.

Иран и шесте светски сили минатиот месец склучија спогодба за ограничување на атомската програма на земјата во замена за укинување на санкциите против Техеран.