Свет Европа Русија негира дека е вмешана во обидот за атентат на Ѓукановиќ

Русија негира дека е вмешана во обидот за атентат на Ѓукановиќ

Кремљ категорично отфрла каква била вмешаност на Русија во обидот за атентат на лидерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател, Димитриј Песков.

– За случајот не располагаме со какви било информации и, секако, категорично ја отфрламе можноста за официјална вмешаност во какви било обиди на организации што дејствуваат противправно – изјави Песков.

Песков ова го изјави на прашањето дали имало барање од Црна Гора по повод истрагата за атентат на премиерот Ѓукановиќ и кои се, според изјавите на црногорскиот обвинител, вмешаните руски националисти.