Свет Свет Русија ќе ѝ врати на Украина 20 воени бродови

Русија ќе ѝ врати на Украина 20 воени бродови

Повеќе од 20 украински воени бродови Русија е подготвена да ѝ предаде на Украина. Доколку биде донесена таква одлука, бродовите ќе бидат предадени на украинската армија.

– Откако ќе биде воспоставен мир, ние ќе префрлиме повеќе од 20 украински бродови во неутрални води за да им бидат предадени на претставниците на украинската морнарица – истакна изворот.

Тој наведе дека украинските бродови се распоредени во базите на руската Црноморска флота, оти целосно се изолирани и не се користат во секојдневните активности, а руската војска ја гарантира нивната безбедност.