Свет Европа Русија ќе се повлече од коалицијата ако ѝ се случи нов инцидент

Русија ќе се повлече од коалицијата ако ѝ се случи нов инцидент

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија ќе се повлече од коалицијата што се бори против Исламска држава во Сирија, доколку Турција повторно собори руски авион.

Путин, по состанокот со францускиот претседател Франсоа Оланд во Кремљ, изрази незадоволство од постапката на Турција, истакнувајќи дека уривањето на авионот претставува чин на предавство од земја која Москва ја смета за свој пријател.

Рускиот претседател истакна дека Москва е подготвена да соработува со западните сили во борбата против „заедничкиот непријател“ Исламска држава, но дека соборувањето на рускиот авион е неприфатливо.