Свет Свет Русија им забрани влез на пет Американци

Русија им забрани влез на пет Американци

Русија возврати на американските санкции против пет руски државјани, забранувајќи влез на исто толку поранешни американски претставници.

САД во понеделникот воведоа санкции против уште пет Руси поради кршење на човековите права и тоа врз основа на американскиот закон од 2012 година. Досега 39 лица се наоѓаат на црната листа на САД, со која покрај забрана за патување, воведено е и замрзнување на нивните средства.

Руското министерство за надворешни работи денеска го осуди потегот на Вашингтон, велејќи дека тоа е хипокризија и чин кој дополнително им штети на американско-руските односи.

Министерството, исто така, објави листа од пет поранешни американски претставници на кои им е забранет влез во Русија, а на која се најде и поранешниот сојузен обвинител, Алберт Гонзалес.