Свет Европа Русија и Украина потпишаа договор за испорака на гас

Русија и Украина потпишаа договор за испорака на гас

Русија и Украина синоќа, во Брисел, потпишаа договор за снабдување и за транзит на гас за зимската сезона.

Финалните преговори продолжија шест часа и завршија со парафирање дополнителен протокол кон договорот меѓу „Газпром“ и „Нафтогас“, кој ги одредува условите за купување и за испорака на гас од 1 септември годинава до 31 март 2016 година.

Договорот се случи откако Русија се согласи да отстапи од цената, а Украина да плати на „Газпром“ веднаш 500 милиони долари, обезбедени со гаранции од ЕУ.