Свет Европа Русија го слави Денот на победата на фашизмот

Русија го слави Денот на победата на фашизмот

Русија денеска слави 71 година од победата над фашизмот во Втората светска војна, со традиционална воена парада на московскиот Црвен плоштад и во другите градови, како и со обраќање на претседателот Владимир Путин до нацијата.

Воената парада во Москва почнува во 10 часот по московско време, а се очекува да учествуваат 10.000 лица.

На парадата ќе бидат претставени 135 видови воени техники, а над градот ќе летаат 71 воени авиони и хеликоптери.

Путин ќе се обрати на парадата, а заедно со него на Црвениот плоштад ќе биде и премиерот Дмитриј Медведев.

По парадата, рускиот претседател ќе им се приклучи на воените ветерани од војната и ќе положи цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак, оддавајќи им почит на загинатите.