Свет Русија го истражува нападот на хуманитарниот конвој во Алепо

Русија го истражува нападот на хуманитарниот конвој во Алепо

Кремљ соопшти дека ги истражува медицинските извештаи за воздушните напади на хуманитарниот конвој во близина на Алепо.

Сириски или руски авиони вчера бомбардираа хуманитарен конвој, при што загинаа 12 лица.

Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, претходно изјави дека Вашингтон е огорчен и оти бара случајот да се реши директно со Русија.

– Ситуацијата во Сирија е извор на голема загриженост. За жал, нашите американски колеги не успеаја да ги одвојат терористите од таканаречената умерена опозиција и изгледите да се обнови примирјето се слаби – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.