Економија Русија ги полни трезорите со злато

Русија ги полни трезорите со злато

Трезор со злато

Руската централна банка го користи падот на цената на златото за да ги наполни своите трезори со златни прачки.

Истовремено, државата се подготвува за можното продолжување на економската војна со Западот, пишува британски „Телеграф“.

Новото истражување на Светскиот одбор за злато открива дека Кремљ за три месеци откупил околу 55 тона од драгоцениот метал, многу повеќе од другите нации.

Русија низ минатите децении двојно ги зголеми своите резерви, кои се проценуваат на околу 1.150 тони, а таквите резерви би можеле да бидат пресудни при обидот да се сопре падот на рубљата.

Руската валута ја губи силата поради силниот притисок на европските и на американските санкции, а економијата е погодена и од падот на цената на нафтата.