Свет Европа Рударска несреќа во Русија, 90 рудари заглавени под земја

Рударска несреќа во Русија, 90 рудари заглавени под земја

Деведесет рудари останаа заробени откако одрони го затрупаа рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации.

Засега нема информации за повредени, а во тек е евакуација.

– Одроните во рудникот се пријавени околу 15 часот по московско време (13 часот според средноевропско време). Можно е во рудникот моментално да се наоѓаат околу 90 луѓе. Во тек е нивно извлекување на површината – соопшти министерството.