Македонија „Ровер“ падна на Апелација, притворените излегуваат од затвор?

„Ровер“ падна на Апелација, притворените излегуваат од затвор?

Судскиот предмет „Ровер“ за убиството на Марјан Тушевски е повторно вратен од страна на Апелацискиот суд, јавува „А1 он“.

Во затворите пристигнала наредба веднаш да се ослободат притворените по овој предмет затоа што веќе се поминати две години од одредувањето на мерката притвор.

Ова единствено не важи за поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кому му останува во затворот во Идризово уште 11 месеци по првата казна затвор за случајот „Кампања“.