Македонија Ристовски: Средба со студентите откако ќе има конкретен предлог

Ристовски: Средба со студентите откако ќе има конкретен предлог

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, ќе оствари средба со неформалната организација „Студентски пленум“ откако ќе има конкретен предлог за надворешното оценување, објави „24 Вести“.
– Во следниот период, Министерството за образование и наука ќе го достави првиот предлог нацрт-текст на овие закони за ние, како ресорно министерство, да добиеме зелено светло од Владата. Истите тие закони ќе бидат понудени на една комплетна и комплексна јавна расправа, во која ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни. Финалниот текст на законот ќе биде подготвен по таа расправа – рече Спиро Ристовски, заменик-министер за образование и наука.