Македонија Ричард Ховит виде каде ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг

Ричард Ховит виде каде ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг

Европарламентарецот Ричард Ховит, кој е и еден од посредниците за решавање на политичката криза и за смирување на односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, денеска беше пред Собранието на Република Македонија за да види каде ќе се одржи вечерашниот митинг на владејачката партија.

Тој местото го посети заедно со министерот за здравство и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, и со пратеникот од владејачката партија, Илија Димовски.

Денеска голем народен собир пред Собранието на Македонија организира ВМРО-ДПМНЕ.

Ховит вчера присуствуваше и на митингот на СДСМ.