Македонија Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 27,8 отсто, а на СДСМ – 16,2 отсто,...

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 27,8 отсто, а на СДСМ – 16,2 отсто, покажува анкетата на „Павел Шатев“

Според последната анкета на Институтот „Павел Шатев“, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,8 отсто од испитаниците, за СДСМ – 16,2 отсто, за ДУИ – 4,8 отсто, а за ДПА – 2,3 отсто. „Нема да гласам“ бил одговорот на високи 28,9 отсто од анкетираните, а со „не знам“ одговориле 13,9 отсто.

Анкетата покажува дека најмногу доверба има Никола Груевски со 28,3 отсто, потоа следува Зоран Заев со 10,7 отсто, а Али Ахмети има доверба кај 4,7 отсто од испитаниците. На ниту еден политичар не веруваат 26,1 отсто од испитаниците, а со „не знам“ на ова прашање одговориле 23,2 отсто.

На прашањето „Дали ја поддржувате идејата за двојазичност на цела територија на Македонија и нов рамковен договор за поголеми права на Албанците“, 93,6 отсто од испитаниците одговориле со „не“, а 4,9 отсто имале потврден одговор.

Анкетата била спроведена телефонски во периодот од 30 ноември до 2 декември на 1.090 испитаници во сите шест изборни единици.