Македонија Реџеп Реџепи бил во притвор, а МВР тврди дека се борел во...

Реџеп Реџепи бил во притвор, а МВР тврди дека се борел во Куманово

Реџеп Реџепи не можел да биде дел од случувањата во Куманово бидејќи 16 дена пред инцидентот бил уапсен и сè уште е во притвор, тврди братот Рефки Реџепи за телевизијата „Телма“.

Браќата Реџепи беа приведени на 23 април, два дена по нападот во Гошинце, откако во нивната шупа бил пронајден експлозив.

Реџеп Реџепи се најде на листата на МВР со седумте имиња за кои постојат докази дека учествувале во нападот на станицата во Гошинце, како и во инцидент во кумановското Диво Насеље.