Македонија Речиси сите мерни станици покажуваат многу виско ниво на аерозагадување

Речиси сите мерни станици покажуваат многу виско ниво на аерозагадување

Многу висока концентрација на канцерогените честички ПМ10 попладнево е измерена на мерните станици во Карпош, Лисиче, Битола, Кичево, Велес, Тетово и во Кавадарци.

Мерните станици во Центар, Гази Баба и во Кочани покажуваат високо ниво на аерозагадување, а во Миладиновце – средно ниво.

Освен високо ниво на честичките ПМ10, во Центар и во Карпош висока концентрација имаат и честичките ПМ2,5.

Во Тетово во 19 часот измерени се 352 микгрограми ПМ10-честички на еден кубен метар, а дозволени се 50 микрограми, додека во Кичево нивната концентрација изнесува 260 микрограми на еден кубен метар.

Во Центар измерени се 250 микрограми, во Карпош 193, во Лисиче и во Гази Баба – 170, а во Битола 300 микрограми на еден кубен метар.