Хроника Разбојник со нож ограбил жена во нејзиниот дом

Разбојник со нож ограбил жена во нејзиниот дом

Непознат напаѓач, вооружен со нож, во саботата, во раните утрински часови, ограбил жена во нејзиниот дом во селото Слатино, општина Теарце.

Разбојникот околу 3 часот влегол во куќата, сопственост на Ф.Ј., ја разбудил жената и со закана со нож ѝ побарал пари, по што таа му дала 350 евра.

На излегување, сторителот ја повредил жената во пределот на раката.