Свет Разбиена група која врбувала борци за Исламска држава

Разбиена група која врбувала борци за Исламска држава

Група која врбувала борци за Исламска држава денеска била разбиена од силите за борба против тероризмот во Тунис.

Според соопштението на министерствоо за внатрешни работи на Тунис, групата од крајбрежниот град Бизерта броела девет лица, кои по апсењето признале дека селектирале луѓе за ИД во Либија и во Сирија.

Во текот на ноември, во Тунис беше прогласена вонредна состојба поради бомбашкиот напад врз автобус во кој загинаа 12 припадници на претседателската гарда.