Свет Европа Расмусен: Путин би можел да ги нападне балтичките земји за да го...

Расмусен: Путин би можел да ги нападне балтичките земји за да го тестира НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин има амбиции што одат подалеку од Украина и би можел да нападне некоја балтичка држава за да ја тестира солидарноста на Западот, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, за британскиот весник „Дејли телеграф“.

– Треба да се гледа подалеку од Украина. Путин сака да ѝ ја врати на Русија позицијата на голема сила. Постои голема веројатност да интервенира на Балтикот за да го тестира членот 5 од повелбата на НАТО – истакна поранешниот главен секретар.

Член 5 од повелбата на Северноатлантскиот сојуз одредува дека вооружен напад на една земја-членка се „смета за напад насочен кон сите членки“. Како резултат на тоа, тие ќе ѝ помагаат на „нападната земја или земји“, вклучувајќи и сила, доколку тоа е потребно.

– Путин знае дека ќе биде победен ако ја прејде црвената линија и ги нападне сојузниците на НАТО. Но, тој е експерт за хибридна војна, мешајќи различни типови операции за дестабилизирање држави – додава Расмусен.