Видео Ранети двајца агенти на ФБИ во Сент Луис

Ранети двајца агенти на ФБИ во Сент Луис

ФБИ засега одбива да коментира дали инцидентот е поврзан со немирите во Фергусон

Двајца агенти на ФБИ се ранети во една куќа на северот на округот Сент Луис, но не е познато дали инцидентот е поврзан со расните протести во Фергусон.

Агентите биле ангажирани во акција поврзана со лице кое се забарикадирало во една куќа. Агентите се ранети при престрелката, но нивните животи не се во опасност, соопшти веб-страницата на локалниот медиуми „Ки-Си-Ди-Ки“.

Од Федералното биро за истрага засега одбиваат да ги коментираат информациите.

Околу 2.000 припадници на Националната гарда се распоредени во подрачјето на Сент Луис за да ѝ помогнат на локалната полиција да ги спречи немирите кои траат две вечери по ред, откако судот одби да покрена обвинение против белиот полицаец, кој со 12 куршими усмрти афроамерикански тинејџер.