Македонија Рамазан Бајрам, 13 мај, е неработен ден за сите граѓани

Рамазан Бајрам, 13 мај, е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 13 мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.