Македонија Рама: Албанците не се малцинство во Македонија, тие се државотворен фактор

Рама: Албанците не се малцинство во Македонија, тие се државотворен фактор

Албанците не се малцинство туку државотворен фактор за опстанокот на Македонија. Вака премиерот на Албанија Еди Рама го опиша статусот на Албанците во Македонија по парламентарните избори и по вестите објавени во некои медиуми кои тврдат дека тој и албанската влада имале влијание на последните политички случувања во Македонија.

Рама, во емисијата „Вечерва“ која се емитува на каналот „Ора“, рече дека Македонија треба да го промени својот став кон Албанците што живеат таму.

Тоа, според Рама, треба да се случи затоа што Албанците не се малцинство туку државотворен фактор за Македонија и зашто Албанците веќе застанале на вистинската страна на историјата.