Македонија Работно време на јавниот превоз и паркинзите за државниот празник 8 Септември

Работно време на јавниот превоз и паркинзите за државниот празник 8 Септември

Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат

Фото: Архива на Мета.мк

Од ЈП Градски паркинг известуваат дека утре, на државниот празник 8 Септември, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8 Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде продолжува редовно работно време од 9 до 16 часот.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време, 24 часа.

Од ЈСП, пак, информираат дека поради државниот празник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.