Хроника Работник починал на градилиште во Скопје

Работник починал на градилиште во Скопје

Градежен работник денеска, околу пладне, починал на градилиште на улицата Филип Втори во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврдија од Секторот за внатрешни работи Скопје, од каде велат дека станува збор за работникот Д.Д., кој бил на 48-годишна возраст.

Според полицијата, на работникот, од засега непознати причини, му се слошило и по кратко време починал.

Полициска екипа извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот работник било дадено за обдукција.