Свет Европа Путин со рекорден рејтинг во Русија

Путин со рекорден рејтинг во Русија

Популарноста на рускиот претседател Владимир Путин достигна рекордни 90 отсто, по одлуката за воен ангажман во Сирија.

Според резултатите од истражувањето на јавното мислење, кое го спроведе агенцијата ВЦИОМ, рејтингот на Путин меѓу руските граѓани во октомври изнесува 89,9 отсто. Рејтингот во јуни изнесувал 89,1 отсто, додека во 2012 година изнесуваше 58,8 отсто.

Невладиниот центар „Левада“, во анкетата спроведена во август, дојде до резултат дека 83 отсто од граѓаните го поддржуваат Путин.