Свет Путин и Сиси договориле посилна соработка на службите за безбедност

Путин и Сиси договориле посилна соработка на службите за безбедност

Претседателите на Русија и на Египет, Владимир Путин и Абдел Фатах ал-Сиси, денеска договорија безбедносните и разузнавачките служби на двете држави тесно да соработуваат во напорите да се најдат одговорните за терористичкиот напад на рускиот авион кој падна во Египет, соопшти Кремљ.

Путин и Сиси оцениле дека од суштинско значење е целата меѓународна заедница да се обедини во борбата против терористичките закани.

„Дополнителни мерки треба да бидат воведени за да се обезбеди максимална сигурност на летовите меѓу двете земји и што побргу да бидат обновени линиите“, стои во соопштението.

Путин го информирал Сиси за интензивирањето на воените операции против екстремистичките групи во Сирија, додека Сиси ги поддржал руските напори да се најде решение на сириската криза, наведуваат од Кремљ.