Македонија Пуштена во употреба нова градинка во Ѓорче Петров

Пуштена во употреба нова градинка во Ѓорче Петров

отворање на новата градинка во Жорче Петров

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска го пуштија во употреба новиот објект за згрижување и за воспитување на деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „Росица“ .

– Владата на Република Македонија е насочена кон создавање нови капацитети, нови детски градинки во сите општини во Македонија, а особено во руралните делови од земјата. Со особен фокус сме насочени во општините во градот Скопје каде што побарувачката е многу поголема, каде родителите имаат желба да ги сместат своите деца во градинки, а нема доволно капацитети и токму поради тоа ќе бидеме насочени кон создавање нови објекти – истакна Спасов.

Тој најави отворање нов објект во општината, односно во населбата Волково, за кој, подвлече, сè уште се во преговори со сопствениците на објектот и дека многу лесно и брзо ќе се преадатптира во градинка.

Градоначалникот Митровски потсети дека Општината, заедно со Министерството за труд и социјална политика, досега има реализирано повеќе вакви проекти, како што се градинката во населбата Даме Груев со капацитет за 300 деца, како и други проширувања на градинки како клонови на постојните.