Подглавна секција Пукање во училиште во Финска, 13-годишник повредил тројца ученици

Пукање во училиште во Финска, 13-годишник повредил тројца ученици

Финската полиција го уапсила осомничениот ученик

Основното училиште Виертола во градот Вантаа. Фото: Paju~commonswiki, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Пукање во основно училиште во Финска ова утро резултираше со повреди на тројца ученици од 13-годишна возраст. Финската полиција уапси осомничено лице, кое исто така има 13 години, пренесува Би-би-си.

Нападот во градот Вантаа, четвртиот најнаселен град во државата, се случил пред 9 часот наутро. Полицијата апелираше на локалното население да остане во своите домови.

Учениците тукушто се вратиле во училиштето Виертола, по велигденските празници. Во училиштето учат 800 деца од 7 до 15-годишна возраст, а има и околу 90 вработени лица.

Во рок од неколку месеци во 2007 и 2008 година се случиле две пукања во училишта во Финска, во кои биле убиени ученици. Двата инциденти предизвикале построги закони околу поседувањето оружја. Сепак, во Финска, каде ловот е популарен, има 430.000 жители (од вкупно 5,5 милиони) со дозволи за поседување на оружје.