Свет Балкан Пукање во центарот на Софија, три лица ранети

Пукање во центарот на Софија, три лица ранети

Три лица се ранети кога непознати лица отвориле оган во близина на трговски центар во Софија, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи.

Околу 18 часот по локално време, полицијата добила телефонски повик за пукање, по што дошла на местото на настанот и го блокирала просторот.

Тројцата ранети со возило на итна помош биле пренесени во една од софиските болници, а истрагата е во тек.