Свет Пукање во ноќен клуб во Арканзас, најмалку 17 лица повредени

Пукање во ноќен клуб во Арканзас, најмалку 17 лица повредени

Најмалку 17 лица се ранети од огнено оружје во ноќен клуб во градот Литл Рок, во американската сојузна држава Арканзас, соопшти денеска полицијата, јавуваат светските агенции.

Едно лице е во критична состојба, додека другите имале повреди кои не се загрозувачки по живот. Најмладата жртва во пукањето, според агенциите, има 16 години.

Според локалните медиуми, престрелката се случила за време на концерт, но засега нема информации за осомничени лица.

Од полицијата изјавиле дека сите околности укажуваат дека инцидентот не е поврзан со тероризам.

Локалните медиуми наведуваат дека голем број луѓе биле повредени дека се обидувале да побегнат од ноќниот клуб.