Хроника Пукале во автомобил, а потоа на возачот му нанеле тешки телесни повреди

Пукале во автомобил, а потоа на возачот му нанеле тешки телесни повреди

На 18 септември 2015 година, во 19.30 часот, во Скопје, на локалниот пат помеѓу селата Свиларе и Рашче, додека се движел со својот автомобил, Г.С. бил пресретнат од две засега непознати маскирани лица, кои со неколку проектили од автоматско оружје го погодиле возилото.

Потоа пришле кон возилото и со тврд предмет му нанеле телесна повреда во пределот на главата.

На Г.С. му била укажана медицинска помош во Клиничкиот центар во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.