Македонија Првото бебе родено во Скопје во 2017 година е машко

Првото бебе родено во Скопје во 2017 година е машко

Првото бебе што се роди во Скопје во новата 2017 година е момче и беше родено во 4.15 часот во Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир.

Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри, а на свет го донесе Нуредини Рамадан Хикмет, на која ова ѝ е прво дете.

Денеска во 12 часот, мајката и бебето ќе ги посети градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.