Македонија Прва седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци

Прва седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска ја одржа првата седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП).

Советот ќе го следи развојот на националната инфраструктура на просторни податоци, ќе ги креира политиките поврзани со просторните податоци и нивната употреба и ќе учествува во иницијативите поврзани со прoсторните податоци на национално и на регионално ниво. Во него членуваат претставници од 18 владини институции, Градот Скопје, претставник на Стопанската комора на Република Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Пешевски, главната цел ќе биде насочена кон мотивирање на субјектите на НИПП да создаваат податоци во согласност со европските правила и со ИСО-стандардите. Тоа ќе овозможи компатибилност на податоците од нашите институции со европските и поголем развој на меѓуграничните проекти.