Спорт Прва победа за Фетел со болидот на Ферари

Прва победа за Фетел со болидот на Ферари

Себастијан Фетел денеска триумфираше на трката за Големата награда на Малезија во Формула 1 и му ја донесе првата победа на тимот на Ферари оваа сезона.

Втор стратно-целната рамнина ја мина Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, со задоцнување од осум и пол секунди зад Фетел, а трет беше Нико Розбрег.

Добра трка извозе и вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, кој иако имаше оштетен пневматик, по контакт со друг болид, со одлично возење успеа да заврши на четвртата позиција и да освои 10 бода.