Свет Европа Прв воздушен напад на проруските бунтовници

Прв воздушен напад на проруските бунтовници

Руските медиуми денеска соопштија дека сепаратистичките борци на истокот на Украина го извеле првиот воздушен напад над украинските сили и тоа со авион што го заробиле минатото лето.

Како што јавува РТС, повикувајќи се на порталот „Јанес“, проруските претставници во Луганск тврдат дека нивниот борбен авион нападнал конвој на украинската војска, кој превезувал украински трупи во регионот Донецк.

Украински авион „сухој-25“ минатата година беше принуден да слета на територија што ја контролираат проруските активисти.