Македонија Протест против масовното труење миленици во Скопје

Протест против масовното труење миленици во Скопје

Со извици „Правда за животните“, „Убијци“, Активистите за заштита на животните денеска со извици на „Правда за животните“, „Убијци“ протестираа и бараа надлежните органи да ги пронајдат лицата кои во изминатиот период трујат мачките и кучињата.

„Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден кој предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни!“, велат активистите.

Тие на протестот побараа законска забрана за слободна продажба на отровите, казни за лицата кои ги напуштаат своите миленици, како и откривање на лицата кои во изминатиот период фрлаа отров и убиваа миленици.