Економија Просечната годишна бруто-заработувачка изнесувала 397.739 денари во 2014 година

Просечната годишна бруто-заработувачка изнесувала 397.739 денари во 2014 година

Просечната бруто-заработувачка во 2014 година по вработен во земјава изнесувала 397.739 денари годишно, покажува Државниот завод за статистика.

Највисока била заработувачката во секторот финансиски и осигурителни дејности од 737.474 денари, а потоа во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 624.274 денари.

Стручните, научните и техничките дејности имале просечна бруто-заработувачка од 574.100 денари.