Дописници Промоција на антологија на балканската поезија од Раде Силјан

Промоција на антологија на балканската поезија од Раде Силјан

Од богатата програма на Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература, организаторот – УКУМ, за денеска , со почеток во 18 часот, во Охрид, ја најавува промоцијата на антологијата на балканската поезија „Светиот пат“, што ја подготви македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан.

Изданието ќе го промовира проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе читаат самите учесници на семинарот, познати македонисти од балканските држави.

Во антологијата се застапени 206 поети од 12 балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Република Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.