Економија Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент, стои во месечниот извештај на Македонска берза. Има пад и на бројот на трансакции од 34,56 проценти.

Во јули биле реализирани 909 трансакции и промет од 119.787.481 денари.

Според извештајот, само 3 проценти од инвеститорите се странски физички и правни лица, а остатокот од 97 проценти се домашни вложувачи.