Македонија Променливо облачно време со појава на слаб дожд

Променливо облачно време со појава на слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за појава на слаб дожд во североисточните делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во западните делови од земјава повремено засилен западен ветер.

Минималната температура ќе се спушти -6 Целзиусови степени, а максималата ќе достигне 10 степени.

Во Скопје и во околината се очекува исто време, со услови за појава на слаб дожд и на слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе движи од -4 до 4 Целзиусови степени.