Македонија Променливо облачно со умерен ветер

Променливо облачно со умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува, особено во источните делови на земјава.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 8 Целзиусови степени.

Следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.