Македонија Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со подолги сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде слична на вчерашната. Низ поголем дел од котлините ќе има вредност од 13 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти околу 5 Целзиусови степени, додека највисоката дневна ќе достигне 19 степени.