Македонија Променливо облачно со слаб дожд

Променливо облачно со слаб дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Во северните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен, а во источните делови од земјава и долж Повардарието, повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со слаби врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали.

Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне 11 Целзиусови степени.

В среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а в четврток ќе врне дожд, особено пообилен во западните делови од земјава, каде локално се очекува да наврнат повеќе од 25 литри на еден квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег. Температурата во вториот дел од неделата ќе има тенденција на опаѓање.