Македонија Променливо облачно со подолги сончеви периоди

Променливо облачно со подолги сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди, особено попладневните часови. Од вторник облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време со пораст на дневната температура.

Во Скопје и околината се очекува слично време, променливо облачно со сонце. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне седум Целзиусови степени.

Поради намалувањето на облачноста, утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни и во опаѓање. До средината на работната седмица ќе дува северен ветер, кој во среда долж Повардарјето повремено ќе се засилува.

В петок и сабота дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.