Македонија Променливо облачно со магла во котлините

Променливо облачно со магла во котлините

Времето денеска ќе биде повремено облачно, наутро со услови за појава на магла во котлините. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен в долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од четири до девет, а максималната од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината не очекува слично време, променливо облачно, наутро со услови за појава на магла, а попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток кога ќе дојде и до опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.