Македонија Променливо облачно и ветровито

Променливо облачно и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа.

Температурата ќе се движи од минус 1 до 6 степени, а во Скопје од 2 до 3 Целзиусови степени.

Попладне ќе дува засилен ветер од северозападен правец што ќе предизвика значителен пад на дневната температура. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури.