Македонија Денеска променливо облачно, од утре пораст на дневната температура

Денеска променливо облачно, од утре пораст на дневната температура

Денеска времето ќе биде променливо облачно, во утринските и во раните претпладневни часови со повремени врнежи од снег, особено во југоисточните делови од земјава. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Според прогнозата на УХМР, во текот на денот врнежите од снег ќе престануваат, а од утре облачноста постепено ќе се намалува. Утринската температура ќе биде во опаѓање, но дневните, за време на викендот, ќе забележат благ пораст.

Во Скопје денеска максималната дневна температура ќе биде 1 Целзиусов степен. Најстудено ќе биде во Маврово, каде максималната температура ќе достигне минус 3 Целзиусови степени, во Охрид и во Дојран 3, во Кавадарци 2, во Берово минус 1 степен и во Крива Паланка 1 Целзиусов степен.