Свет „Проктер енд Гембл“ непожелна во Аргентина

„Проктер енд Гембл“ непожелна во Аргентина

Компанијате е обвинета дека испумпала 138 милиони долари од Аргентина

Аргентина привремено го забрани работењето на мултинационалната компанија „Проктер енд Гембл“ во земјата, обвинувајќи ја за испумпување пари и за затајување данок.

Компанијата, која стои зад десетина најсилни светски марки, меѓу кои се и пелените „памперс“, батериите „дурасел“ и детергентот „тајд“, е обвинета дека испумпала 138 милиони долари од Аргентина, ги прикрила вистинските износи на профитот и на тој начин избегнала плаќање данок.

„Мораме да застанеме на пат на триковите што ги користат меѓународните компании“, соопштија аргентинските власти.